Со сериозни маки се соочуваат Аргентинците непосредно пред стартот на Светското првенство во Русија кога се во прашање повредите на повиканите репрезентативци.
Откако поради повреда отпадна Мануел Ланцини, фудбалерот кој поради несогласувањето меѓу Дибала и Меси треба да биде во првите 11, сега селекторот Хорхе Сампаоли се соочува со нов проблем. За настап на СП најверојатно нема да смета и на Евер Банега, фудбалерот од средниот ред на Севилја кој исто така требаше да биде во почетниот тим.
Банега има повреда на листот, а во текот на денот треба и дефинитивно да биде познато дали Аргентинците ќе може да сметаат на него. Доколку конечно отпадна ќе мора да се повикува нов фудбалер. Тешко е за верување дека тоа ќе биде отпишаниот Мауро Икарди, па Сампаоли најверојатно ќе бара решение во едно од трите имиња на кои претходно им се заблагодари: Перез, Паредес или Пероти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА