Фудбалската репрезентација на Хрватска одигра уште едно неверојатно Светско првенство на кое успеа да го освои бронзениот медал. Хрватите на патот до полуфиналето се сретнаа и со Бразил, а и покрај тоа што многумина ја видоа јужноамериканската репрезентација во сладната фаза, „коцкестите“ беа оние кои се радуваа по пенал рулет.
Но, радоста не била присутна само кај Хрватите, туку и кај Аргентинците, открива репрезентативецот на „гаучосите“, Папу Гомез.
„Пред нашето четвртфинале против Холандија играа Хрватска и Бразил. Со голем интерес го следевме тој натпревар бидејќи тоа беше противникот со кој ќе играме во полуфиналето. Хрватска и Бразил играа продолженија, а ние веќе моравме да излеземе на теренот за загревање. Меѓутоа, останавме и ги гледавме пеналите. Пред да започнат се сложивме: Ако Бразил загуби, ние сме шампиони на светот. Знаевме дека ќе ги победиме Хрватите и ќе славиме во финалето. Кога Хрватска победи, славевме како ние да победиме, дури и повеќе од Хрватите“, вели Гомез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА