Аргентински сеир: Минута молчење за Бока затоа што е мртва (ВИДЕО)

Ривалитетот кои оди до екстремна омраза меѓу најголемите аргентински клубови Ривер Плата и Бока Јунуорс беше очигледен и на прославата на јужноамериканската титула на „Монуметал“. Ривер дури сега прослави со навивачите откако се врати од Светското клупско првенство во Обединетите Арапски Емирати на кое го освои третото место.

Фудбалерите и навивачите на Ривер во еуфоричната прослава не пропуштија да изнаредат навреди на сметка на Бока, а лидер беше Енцо Перез со изјавата „минута молчење за Бока затоа што е мртва“ со која предизвика бурна реакција кај илјадниците фанови.

 

Се вчитува...