Светското фудбалско првенство во Русија е главниот спортски настан летово. И додека во некои водичи за СП во Русија, се претставуваат репрезентациите, се пишува за тактиката, фомата и за повредите на играчите, на Аргентинците им паднале на памет и многу „побитни“ теми – совети за заведување убави Русинки!
Аргентинската фудбалска федерација на еден од семинарите во пресрет на СП, поделил официјален документ за рускиот јазик и култура. Меѓутоа, во практичниот фудбалски прирачник, има и дел за тоа како да се заведат домашните припаднички на понежниот пол.
–Што да направите за да имате шанса кај руските девојки? Русинките како и сите други девојки, сакаат да бидете чисти, да мирисате убаво и да бидете убаво облечени. Првиот впечаток им е многу важен, па внимавајте како изгледате – стои во аргентински водич за СП, наменет за официјалните лица од нивната фудбалска федерација, за играчите, персоналот и за новинарите.
Овој неверојатен „документ“ набрзо е повлечен, но не доволно брзо за да остане незабележан аргентискиот гаф. Документот заврши на социјалните мрежи и предизвика голем скандал.
-Бидејќи Русинките се преубави, многу мажи сакаат само да ги однесат девојките во кревет, но и тие се луѓе и сакаат да се почувствуваат важно и единствено. Нашиот совет е да ги третирате како личности. Руските жени сакаат мажите да имаат иницијатива. Ако немате доволно самодоверба вежбајте разговор со жени. Но, не грижете се, во Русија има доволно преубави жени и не се сите за само за вас“ – порачува авторот на текстот во еден од своите „генијални“ совети за СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА