Аргентинскиот голман за пенал серијата во финалето: Тука сум силен, Чуамени се по*ра од страв

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез беше пречекен од повеќе од 150.000 луѓе во својот роден град Мар дел Плата. Аргентинците во вторникот стигнаа во Буенос Аирес, каде беа пречекани од околу 5 милиони навивачи кои ја славеа титулата.

Мартинез беше пречекан во својот роден град, а тој повторно го привлече вниманието со своите контроверзни коментари. Откако неколку пати го понижуваше Мбапе со тоа што во соблекувалната побара минута молк за него, а потоа и држеше кукла со неговиот лик, сега се сврте кон Орелиен Чуамени, кој промаши пенал во серијата во финалето.

„Кога го одбранив првиот пенал, знаев дека вториот играч е нервозен. Со исфрлање на топката на страна се обидов да играм ментално, се исплаши, се по*ра“, рече голманот на Астон Вила, а насобраните му даваа овации.

Аргентинскиот голман потоа славеше во провокативен танц откако противникот ќе промаши пенал.

„Знам дека во пеналите сум силен, знам дека ме почитуваат и противничките играчи така ми кажаа“, изјави Мартинез.

Се вчитува...