Гвидо Родригез од Бетис, Лукас Окампос и Маркос Акуња од Севилја добија повик од селекторот Лионел Скалони за претстојните натпревари на аргентинската фудбалска репрезентација кои се дел од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година против Еквадор на 8.октомври во Буенос Аирес и против Боливија во Ла Паз на 13. октомври.
Сите тројца ќе заминат со приватниот авион на Лео Меси кон родната земја. Ѕвездата на Барселона го ставила на располагање на соиграчите од националниот тим приватниот авион за да се олесни патувањето поради компликуваната ситуација предизвикана од рестриктивните мерки поради пандемијата на короанвирусот. Почетокот на подготвките на 5.октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА