Аргентинско лудило: Навивач го бакнуваше Кампацо сред интервју (ВИДЕО)

Аргентина стигна до важна победа над Канада во американските квалификации за Светското првенство 2023, а херој на „гаучосите“ беше Факундо Кампацо. Асот на Црвена Звезда оствари дабл-дабл учинок од 13 поени и 11 асистенции на кои додаде и 4 скока во триумфот од 83-72.

Миленикот на навивачите на белградскиот тим по натпреварот доживеа и несекојдневна ситуација откако во интервјуто му приде еуфоричен навивач кој победата се одлучи да ја прослави бакнувајќи го најдобриот играч на натпреварот.

Се вчитува...