Аргентинско танго во црвено-црно: Гилјермо Милано е нов тренер на Вардар

Вардар најави одговор на тренерското прашање за максимум три дена по смената на Владо Недановски и „црвено-црните“ го исполнија даденото ветување откако вечерва за нов кормилар го именуваат Гилјермо Милано. Станува збор за аргентински стратег кој е актуелен предводник на „гаучосите“, Милано потпиша договор до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. Како што информираат од РК Вардар, новиот тренер ќе пристигне во Македонија на почетокот од следниот месец, за време на репрезентативната пауза.

Милано е професионалец со над 20 години искуство како тренер во клубови и во машката репрезентација на Аргентина. Има учествувано на над 50 меѓународни турнири, вклучувајќи 4 Олимписки игри, 19 светски првенства, 4 Панамерикански игри, 4 Јужноамерикански игри, 16 Панамерикански првенства и 20 меѓународни турнири. Во своето тренерско образование има учено и бил на обуки на многу познати тренери како Талант Дујшебаев, Мануел Каденас, Мануел Лагуна, Дидие Динар, Ксавиер Пасквал и Тони Жерона.

Во моментов е селектор на машката репрезентација на Аргентина наде се наоѓа на позицијата од 2021 година. Претходно беше помошник тренер, а бил одговорен и за сите младински селекции на Аргентина. Со репрезентацијата на Аргентина настапи на последните олимписки игри во Франција, на СП 2023 година во Полска и Шведска, а беше победник на Панамериканските игри во 2024 година победувајќи го Бразил.

Се вчитува...