Аргентинците без Мурињо на списокот за СП против Македонија

Аргентинскиот селектор Гилјермо Милано го објави конечниот список на ракометари кои ќе настапат за „гаучосите“ на СП во Краков, каде оваа селекција е еден од ривалите на Македонија во групната фаза.

Очекувано, главен адут на Аргентинците и на ова големо натпреварување ќе биде средниот бек Диего Симонет, на списокот е и неговиот брат Пабло Симонет, како и Москариело, кој настапува за екипата на Монпелје.

Милано реши во списокот да не го вклучи Гастон Мурињо, корпулентниот пивот кој настапуваше за ЦСКА Москва и кој знае да одигра квалитетно во одбраната, но кој овој мундијал ќе мора да го гледа само на ТВ.

Се вчитува...