Аргентинците ги покажаа и сите свои фрустрации по мечот, со вулгарности кон Холанѓаните: „Ве еб.вме.., ку.ви…!“ (ВИДЕО)

Аргентинците се пласираа во полуфиналето на Мундијалот во Катар по подоброти изведување пенали против Холандија, меѓутоа неочекувано по мечот поголемиот дел од репрезентативците ги покажаа и сите свои фрустрации кон холандската репрезентација.

Неочекуван револт со неспортски вулгарности насочени пред се кон Луис Ван Гал, Едвард Давидс и дел од холандските репрезентативци. Нервозата ја покажа и капитенот Лионел Меси со неочекувано груб однос, но предначеше голманот Емилијано Мартинез кој испрати бројни пцовки кон селекторот на Холандија, Луис Ван Гал… И тоа само затоа што Ван Гал пред мечот рекол дека Холандија ако дојде до пенали ќе биде во предност!??

„Те е.евме, те е.ав двапати, двапати те пое.ав ку.во една“ – дофрлаше Мартинез по крајот на пенал-серијата, а согласно снимките очигледно насочено кон 71-годишниот холандски селектор.

 

 

А, потоа и во официјалната изјава повторно не можеше да не се насочи кон Ван Гал…

„Слушнав дека Ван Гал рече дека ако се дојде до пенали, Холандија ќе има предност. Мислам дека треба да ја затвори устата“ – изјави по дуелот Мартинез.

 

Се вчитува...