Ракометарите на Аргентина, кои ќе бидат противници на Македонија во групната фаза на Светското првенство 2023 во Полска, славеа против Бахреин со 31-27 на турнирот „Доминго Барсенас“ во рамките на подготовките за Мундијалот во Краков.
Аргентинците беа подобар тим во текот на сите 60 минути одржувајќи уште од првото полувреме во континуитет предност од 4-5 гола.
Најдобри поединци кај Аргентина, со по четири постигнати гола, беа Панчито Ломбарди, Пизаро и Канџани.
Утре, во рамките на турнирот, Аргентинците од 12:45 часот ќе играат против селекцијата на Романија.
Македонија против Аргентина на Светското првенство во Полска ќе игра на 17. јануари во „Таурон арена“ во Краков од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА