Аргентинците изгубија секаква желба: Суперкласико е „мртво“…, парите станаа поважни од навивачите!

Аргентинците и јавноста на оваа латиноамериканска земја целосно ја загубија желбата за „Суперкласико“ и дуелот меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата поради се пооочигледната комерцијализација на истото.

Доказ за сето тоа, според нив е, одлуката реванш дуелот од финалето на Копа Либертадорес да се игра во Европа, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

„Ова не е пораз само за аргентинскиот, туку и за јужноамериканскиот фудбал затоа што поради пари одлучено е шампионот на нашиот континент да се одлучува во Европа. Очигледно е дека не се приоритет навивачите и традицијата но само парите кои мора да завршат во нечии џебови. Срамна е и одлуката да се доделуваат само по 5.000 билети за навивачите од двата тима“ – се најголемиот дел коментари во аргентинската спортска јавност.

Жестоки критики сите случувања во и околу „Суперкласико“ наидоа и од аргентинската легенда Диего Марадона.

Сега дополнителен проблем за Ривер Плата претставува и фактот дека нивниот капитен Лео Понцио нема да може да игра во Мадрид од бизарна причина. Тој е обвинет дека учествувал во местење натпревар во времето кога настапуваше за Реал Сарагоса па би можел да биде уапсен веднаш по слетувањето во Шпанија. Под истрага беше мечот Сарагоса – Леванте, за што веќе се осудени неколку лица на двегодишна казна затвор.

Се вчитува...