Аргентина го победи Еквадор со минимални 1-0 во квалификациите за Светското првенство. А, творец на победата на „гаучосите“ како по обичај Лионел Меси.
До 78. минута чекаа Аргентинците на гол за водство кога Меси намести една топка на 20 метри и директно од слободен удар мајсторски погоди за победа на својата селејција.
Меси упати удар кој беше неодбранлив за голманот Галиндез, па донесе големо славје за фановите на „Монументал“ во Буенос Аирес.
LIONEL MESSI FREE KICK GOAL! 🇦🇷pic.twitter.com/yAsas0pRTQ
— Roy Nemer (@RoyNemer) September 8, 2023
Ова беше прв настап и прва победа за Аргентина во квалификациите за СП 2026, а Меси го израмни и рекордот на Луис Суарез за најмногу голови (29) во јужноамериканските квалификации за СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

