Аргентинците се премислија, Бауза останува селектор

Едгардо Бауза ќе продолжи да ја извршува функцијата селектор на Аргентина по изненадувачкиот расплет во разговорите што искусниот стручњак ги имаше со првиот човек на Аргентинската Фудбалска Асоцијација, Клаудио Тапија. Медиумите најавија дека Бауза сигурно ќе биде сменет по поразот од Боливија, откако Аргентина падна на петтото место и се соочи со опасност да не стигне до мундијалска виза, но Тапија ги изненади сите со одлуката да го заврши овој стратег.

Оваа е првата конкретна одлука што треба да ја донесам и верувам дека е вистинската. Бауза останува селектор, тој има валиден договор, а ние имаме доверба дека тој е вистинскиот човек а предводник на нашиот национален тим“ – изјави Тапија, кој на 29 март и официјално беше избран за претседател на фудбалската асоцијација во оваа земја.

„Гаучосите“ моментно се петтопласирани во јужноамериканските квалификации со 22 бода, зад Бразил (33), Колумбија (24) и Уругвај и Чиле со по 23 освоени бода. Во следниот натпревар Аргентинците му гостуваат на Уругвај, меч на кој најверојатно повторно ќе бидат без Лео Меси (доколку не биде прифатена жалбата поради суспензијата од четири натпревари за овој фудбалер).

Се вчитува...