Аргументи „ЗА“ и „ПРОТИВ“ гледањето на натпреварите на ЕУРО 2020 на домашен терен

Минатата година се соочивме со свет во кој не можевме да уживаме во јавни собири како фудбалски натпревари. Присуството на ваков вид настан е одличен начин да се поврзете со луѓе, да создадете чувство на тимски дух и да ја споделите вашата возбуда со ентузијастички луѓе кои ја делат истата страст. Од друга страна, гледањето на натпревар од вашиот дом дефинитивно има свои предности. Подготвивме список на аргументи За и Против уживањето во гледањето натпревари од вашиот дом. Ова ќе ви помогне да разберете дека гледањето натпревари во удобноста на вашиот дом е всушност добра работа.

АРГУМЕНТИ „ЗА“

Обезбедени најдобри места

Кога гледате фудбалски натпревар од вашиот дом, не треба да се грижите дали ќе ги добиете најдобрите билети или некој пред вас да го блокира вашиот поглед во клучен момент. Плус, ниту еден стадион нема места што се толку пријатни како вашата софа. Од таа причина, гледањето на натпревар од дома може да биде навистина извонредно искуство. Особено со вистинска телевизија. Hisense нуди неверојатна линија телевизори со карактеристики што го претвораат вашиот дом во врвен стадион. Како серијата U8 со револуционерна ULED технологија која обезбедува неверојатен квалитет на сликата, овозможувајќи ви да ги забележите сите детали и ви дава поглед кој ниту еден друг стадион не може да го надмине. За да обезбедат најдобро искуство, тие доаѓаат со „Sport Mode “, систем специјално дизајниран за спортска содржина што ја подобрува сликата и звукот и создава целосно извонредно искуство со гледање.

Прескокнете го редот

Од една страна гужвите околу стадионот создаваат уникатна атмосфера, но тие носат и редици каде што треба да почекате. Кога зборуваме за купување грицки или пијалоци, одење во тоалет или едноставно влегување и излегување, обично ќе се соочите со чекање во редови. Покрај тоа што избегнувате да чекате на ред, додека гледате од вашиот дом, заштедувате и пари. Заборавете на билетите за стадиони и скапите грицки и пијалоци. Дома, можете едноставно да го наполните фрижидерот и да заборавите да потрошите пари или да ги пропуштите најважните настани на натпреварот додека чекате во редови.

Ваше место, ваши правила

Иако споделувањето страст со толпа луѓе на полн стадиони е уникатно искуство, уште подобро е страсно да навивате со вашите најблиски пријатели или семејство во безбедното опкружување на вашиот дом, каде што можете безгрижно да ја покажете навивачката страст. Можеби најголемата предност на гледањето натпревар од вашиот дом е тоа што не мора да се грижите за временските услови. Едноставно, доколку е многу топло само поставете го вашиот клима уред на вистинската температура и уживајте во играта.

Аргументи „против “, и дали се вистински против?

Атмосфера

Постои причина зошто стадионите не се само места за спортски настани. Тие се симбол на собирање околу нештата за кои споделуваме ист интерес или страст. Тие се места на кои им пристапувате со посебни отчукувања на срцето и кои ги оставате во состојба на еуфорија. Така е – стадионите се дизајнирани да создадат единствена атмосфера, каде што гледачите можат да се поврзат со настанот и да создадат уникатно визуелно и акустично искуство. Сепак, поседувањето телевизор на Hisense може да ви донесе најблиска можна атмосфера. Hisense U8 обезбедува неверојатен квалитет на сликата со автентични бои и брилијантен контраст со чисто движење, за да не пропуштите ниту еден детал, со чувство дека сте присутни на натпревар.

Чувството дека нема други обожаватели

Стадионите се место каде се дружиме со други луѓе кои ја делат истата страст како нас. Средба со други обожаватели со иста страст, средба со пријатели што не сте ги виделе одамна или поздравување со потполни странци не е можно дома. И додека никој не може да ве спречи да викате и нивавате гласно колку што сакате пред вашиот телевизор, никогаш не можете да го доживеете истото чувство кога навивате и пеете заедно со илјадници други обожаватели. Или можете? Hisense U8 со вградениот систем Dolby Atmos дава кристално чист квалитет на звукот и DTS® Virtual:X™ технологијата дава неповторливо аудио искуство. Значи, фактот дека не сте присутни на стадионот со други навивачи веќе не е толку голем проблем.

Кога сте сопственик на телевизор Hisense, навистина нема причини „против“. Комбинацијата на исклучително јасна слика и технологија и неверојатен звучен систем ви дава сè што ви треба за да можете да уживате во натпреварите.

Дознајте повеќе информации на веб-страницата на Hisense или следете не на нашите социјални мрежи Facebook и Instagram и доживејте го неверојатното UEFA EURO2020™ со многу изненадувања и подароци што можете да ги добиете на натпреварите што ги подготвивме за сите наши фанови.

Се вчитува...