Ариарне Титмус постави светски рекорд на 200 метри слободно. Австралијката ја запре стоперката во 1:52.23 минута во Бризбејн на квалификацискиот натпревар за Олимписките игри во Париз. За повеќе од половина секунда таа ја надмина границата од соништата, која беше во сопственост на нејзината сонародничка Моли О’Калахан (1:52,84).
Интересно е што О’Калахан исто така беше побрзa од светскиот рекорд во истата трка. Таа стигна до целта за 1:52.48 минута.
„Ова е неверојатен резултат. Среќна сум што сум во оваа форма на само неколку недели пред Олимпијадата“, изјави Титмус.
Пред три години во Токио, Титмус беше олимписки шампион на 200 и 400 слободни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА