Беласица убедливо загуби со 3-0 на гостувањето против Струга ТЛ во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб на струмичани, Шефки Арифовски сигурно не може да биде задоволен, но вели дека мора да размислуваат на тоа што следи и да се поправат грешките од секој минат дуел. Сега фокусот на Беласица ќе биде на дуелот против Брегалница во Штип, веќе во среда во осминафиналето од Купот на Македонија.
„Домаќинот во Струга заслужено ги освои бодовите на вчерашниот натпревар. Ние сме млада и перпесктивна екипа која мора уште многу да работи. Имавме пех и поради повреди не допатуваа три-четворица првотимци. Нашиот ривал многу добро го отвори мечот и започна со предност уште на стартот. Нам не ни преостанува ништо друго, освен да тренираме и да подобруваме од натпревар во натпревар. Немаме време за многу размислување и мора максимално да се подготвиме веќе за дуелот од Купот на Македонија против Брегалница во среда“ – вели Арифовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА