Адеми го „смрзна“ Шкупи – Динамо води на „Тодор Проески“ (ВИДЕО)

Кој друг ако не македонскиот репрезентативец Аријан Адеми? Динамо Загреб само што стартуваше второто полувреме на „Тодор Проески“ има предност од 0-1 против македонскиот шампион Шкупи на реванш-дуелот од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

А, „виновник“ за водството на Хрватите е капитенот Аријан Адеми кој во 47. минута убаво погоди од 10 метри по проигрувањето од нововлезениот Менало. За Адеми ова е 13-ти европски гол во дресот на Динамо Загреб.

По ова водство, Динамо Загреб е многу подобар тим на теренот со уште неколку шанси за зголемување на предноста…

Се вчитува...