Аријан Адеми на позајмица во Трабзонспор!?

Турскиот прволигаш Трабзонспор, е во преговори со Пекинг Гуан за едногодишна позајмица на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, пренесуват турските медиуми.

Адеми е еден од плановите на Трабзон за потполнување на средината на теренот. Според турските медиуми, наводно двата клуба веќе имале разговори, но не е познат исходот.

Адеми замина во Кина на почетокот на годинава од Динамо Загреб. Во Динамо мина цели 13 години, и сега се разговара за негов „кам-бек“ во европскиот фудбал.

Трансферот на Адеми доаѓа по иницијатива на Ненад Бјелица, тренерот на Трабзонспор кој работеше со фудбалерот во Динамо Загреб, и добро ги познава неговите квалитети.

Се вчитува...