Аријан Адеми не дозволи Шкупи да се радува на полувремето: 1-1 на „Максимир“ по првиот дел (ВИДЕО)

Динамо Загреб и Шкупи играат 1-1 по првото полувреме на првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите во Загреб.

Динамо Загреб успеа да се извлече од негатива во самиот финиш на првиот дел, и тоа со голот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој во 44. минута постигна ефектен гол со глава,

Адеми не им дозволи на чаирчани со предност да заминат на полувремето.

Претходно, откако домашните почнаа офанзивно со отворен атак кон голот на Наумовски, вистински шок „модрите“ доживеаја во 25. минута. По извонредното проигрување од Фаустин пред голот на домашните одлично се снајде Куевен и погоди за водство на чаирчани…

Се вчитува...