По двегодишна пауза, поради суспензијата од УЕФА и ФИФА, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми конечно се враќа во репрезентативниот дрес.
Селекторот Игор Ангеловски испрати повик до Аријан Адеми за октомврискиот наш репрезентативен собир против Италија и против Лихтенштајн во квалификациите за СП 2018.
Адеми има официјално право за настап од 7. октомври, па поради тоа што дуелот со Италија е на 6. октомври во Торино официјалното враќање во репрезентативниот дрес ќе го има на 9. октомври против Лихтенштајн во Струмица за крај на квалификацискиот циклус.
Аријан Адеми се врати со подготовки во својот Динамо Загреб на почетокот од август. Сега кон средината на октомври го очекува враќањето на терените и во хрватскиот шампионат. За македонската селекција Адеми досгеа ома одиграно четири натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА