„Маестро“ Адеми во 11-от меч го постигна својот прв гол на „Тодор Проески“

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е херојот на Динамо Загреб за елиминацијата на Шкупи во втората квалификациска рунда од Лигата на шампионите.

За Адеми, кој во Скопје е веќе како дома, ова беше 11-ти натпревар на арената „Тодор Проески“, притоа постигнувајќи го својот прв гол на најголемиот македонски стадион. Претходно има десет дуели на „Тодор Проески“ во дресот на македонската репрезентација.

Мајсторот на фудбалската игра, Адеми има четири погодоци за македонската репрезентација од кои еден на домашен терен, но тој беше постигнат во Струмица на стадионот „Благој Истатов“, во победата од 4-0 против Лихтенштајн во квалификациите за СП 2018.

Се вчитува...