Арина Сабаленка ја одбрани титулата на УС Опен

Светската тенисерка број 1 Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Грен слемот УС Опен, откако во финалето ја совлада Аманда Анисимова од САД со 2-0, во сетови 6-3 и 6-4. За Русинката ова беше втор трофеј во ова натпреварување.

По првиот сет имаше серија на изгубени сервиси и на двете тенисерки, но Анисимова имаше еден повеќе, што беше доволно Сабаленка да се стекне со предност.

Вториот сет Анисимова го почна сопредност, но потоа следуваа три врзани поени за Сабаленка и предност од 3-1. Сепак, се врати Анисимова и израмни, но одново дозволи противничката да направи брејк, а потоа и на свој сервис да поведе со 5-3.

Меѓутоа американската тенисерка успеа да се врати целосно, и да дојде до нов брејк за 5-5, а потоа на нејзин сервис да го преземе и водството од 6-5. Но, Сабаленка остана во игра да го добие мечот во два сета откако израмни на 6-6, па се играше тај-брејк.

Почна одлично тај-брехкот за Анисимова, поведе, но застана. Сабаленка со серија на последователни поени дојде до 6-1, и повторно се доближи до трофејот. Анисимова намали на 6-3, но потоа Сабаленка стигна до посакуваниот поен кој и ја донесе титулата.

Се вчитува...