Арис шокиран – скромен меч на Димитријевиќ

Ненад Димитријевиќ и Арис со пораз ја отворија сезоната во грчкиот шампионат, соосема неочекувано ако се знае дека „жолтите“ од Солун важеа за фаворити на денешното гостување против Кардицас.

Сепак, таа улога на беше оправдана на теренот, избраниците на Спанулис не одиграа во рамките на своите можности и на крајот претрпеа заслужен пораз од 74-68.

Арис беше подобар ривал само во првата четвртина што Димитријевиќ и соиграчите ја добија со 12-20, но домаќините возвратија со иста мерка добивајќи го вториот период со 25-13. Кардицас потоа успеа да се одлепи во клучните моменти, стигна до плус осум (74-66), приведувајќи го мечот до крај со конечните 74-68.

Македонскиот плејмејкер со седум асистенции ги разигра соиграчите, но немаше свој ден кога станува збор за реализацијата, стигнувајќи до скромни три поени (1/2 за тројка, 0/4 за два поени).

Се вчитува...