Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен (33) изјави дека веќе размислува за тоа што ќе прави кога ќе се повлече од фудбалот. Тоа во јавноста беше протолкувано како најава за наскоро пензионирање.
„Се повеќе и повеќе почнувам да размислувам за она што доаѓа после мојата кариера“ – изјави Робен.
Холандскиот фудбалер дури и потенцираше дека тоа може да се случи на крајот од сезоната во 2018 година.
„Опуштен сум и воопшто не сум загрижен за тоа што ќе се случи во 2018 година. Иднината е отворена. Можеби ќе се пензионирам, можеби ќе излезе некоја нова понуда, а можеби и ќе играм за Баерн и во следните три години. Свесен сум за се што ми пружи Баерн и секогаш ќе го ценам тоа. Но, сега сум концентрирам само на следниот натпревар и не гледам толку далеку во иднина. Сакам да се забавувам и колку што е можно подолго да играм фудбал на високо ниво, а колку ќе трае, тоа навистина не знам“ – додава Робен.
Годинава крај на кариерата ставија неколку фудбалски ѕвезди – Франческо Тоти, Филип Лам, Џаби Алонсо, Андреа Пирло…Џанлуиџи Буфон најави дека на крајот од сезоната може да се повлече. И Робен како и Буфон ја заврши репрезентативната кариера по неуспехот на неговата репрезентација во квалификациите за СП 2018, а со Баерн има договор до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА