Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Армани Милано доживеаја нов пораз, четврти сезонава во 5. коло од Евролигата, овој пат пред домашната публика од Анадолу Ефес со 84-96.
Се на натпреварот беше решено во првото полувреме кое гостите го добија неверојатно високо со 25-46. Очајна игра на домашните кои не можеа да парираат на кошаркарите на турскиот тим.
Во второто полувреме, Милано успеа некако да се врати во игра добивајќи ја третата четвртина со 34-20, но сето тоа привидно. Гостите имаа контрола на играта и во последниот период од играта повторно се вратија во својот ритам за триумф на крајот од 84-96.
Димитријевиќ одигра само 13 минути на дуелот со запишана само една асистенција, не добивајќи воопшто шанса во второто полувреме кое го преседа на клупата.
Американецот Брајант беше најефикасен со 19 поени кај Ефес, а на домашните не им помогна ниту Миротиќ кој мечот го заврши со 29 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА