Армани „замрзна“ во Минхен, осум поени за Димитријевиќ

Баерн Минхен го совлада составот на Олимпија Милано во последниот натпревар вечерва во Евролигата со 87-70, во дербито на средината на табелата.

Италијанскиот тим имаше сила само за едно полувреме, откако на паузата замина со само еден поен предност. Меѓутоа клучната разлика беше направена во третиот период, кој го добија домашните кошаркари со 31-19, и после тоа немаше веќе враќање за Ненад Димитријевиќ и соиграчите.

Македонскиот репрезентативец постигна осум поени, додека лидер меѓу стрелците беше Ледеј со 17 поени. Кај Баерн Гифеј и Лучиќ постигнаа по 16 поени.

Се вчитува...