„Армијата“ на Милевски во строј за битката со Србија… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија ги реализира финалните тренинзи пред вториот натпревар во квалификациите за ЕП 2019, в петок од 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Момците на Благоја Милевски се соочуваат со главниот фаворит за првото место во групата, селекцијата на Србија, како што велат подготвени уште еднаш да го потврдат сиот свој потенцијал по оној одличен старт и победата од 0-3 на гостувањето против Ерменија во Ереван.

Репрезентацијата до 21 година денеска го одработи претпоследниот тренинг во очекување на дуелот со Србија. Во тимот се и Елиф Елмас и Никола Ѓоргев, кои имаат повик и за А тимот, но на сениорите ќе се приклучат по завршувањето на средбата со Србија. До тогаш целосно во функција на младата селекција.

Како што информираше селекторот Милевски нема проблеми со повредени фудбалери, а во стројот е и офанзивецот Тихомир Костадинов кој претходно се жалеше на мала повреда…

[new_royalslider id=”798″]

Се вчитува...