Арнаутовиќ „доби повик“ од Торино

Капитенот на австриската репрезентација и член на Интер, Марко Арнаутовиќ е желба на Торино. Торинскиот клуп во него гледа замена за повредениот Дуван Запата, па сака да ја искористи неговата мала минутажа во Интер, и да го донесе во своите редови.

Колумбискиот напаѓач заработи тешка повреда на коленото, поради која ќе го пропушти целиот тек на сезоната, а за негова замена е „пикиран“ токму Австриецот.

Австриецот би дошол во Торино како позајемн играч без право на откуп, нсо тоа што тимот од Торино ќе ги покрие сите трошоци за плата, нешто кое му одговара и на Интер.

Сезонава Арнаутовиќ настапи 10 пати во дресот на Интер, и постигна два гола. Претходно имаше шпекулации дека би можел да заврши и на белградска Маракана во дресот на Црвена Звезда, но до тоа веројатно нема да дојде.

Се вчитува...