Марко Арнаутовиќ тактизираше околу својата иднина по истекот на договорот со Интер, за австрискиот ас конечно да пресече и да ја избере Црвена Звезда за нов клуб.
Австрискиот голгетер в понеделник ќе пристигне во Белград на лекарски прегледи и потпис со „црвено-белите“, а австриските медиуми обелоденија дека договорот е на две години, со огромна заработувачка за големиот ас.
„Скај Австрија“ доцна синоќа потврди дека српскиот првак ќе бида следна дестинација во кариерата на Арнаутовиќ, обелоденувајќи и дека платата на голгетерот ќе изнесува 2,5 милиони евра по сезона. Со овие бројки, Арнаутовиќ ќе стане убедливо најплатен фудбалер во лигите од поранешна Југославија, а останува да се види дали Марко ќе помогне да се оствари примарната зацртана цел – пласман во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

