Арнаутовиќ: Му ветив на Синиша дека ќе дојдам во Црвена звезда

Црвена звезда го официјализираше најголемиот трансфер во 21. век откако вчера во Белград стигна искусниот Марко Арнаутовиќ.

Искусниот центарфор откри дека доаѓањето на „Маракана“ било и завет кон ненадејно починатиот Михајловиќ, кој му беше тренер во Болоња.

Арнаутовиќ беше на работ на солзи, кога на трибината на „Рајко Митиќ“ наречена по Михајловиќ даде изјава.

„Му ветив на Синиша дека ќе дојдам во Звезда! Сега сум тука. Ајде, Звезда!“, рече Аранутовиќ.

Михајловиќ беше тренер на Арнаутовиќ во Болоња, токму во периодот кога големиот Синиша се бореше за својот живот и во исто време не го изгуби ентузијазмот да го води тимот.

Се вчитува...