Мечот меѓу Македонија и Австрија донесе мала провокација на релација Марко Арнаутовиќ и Езџан Алиоски. Откако Марко го постигна третиот погодок за својата репрезентација, 32-годишниот напаѓач му дофрли неколку збора на македонскиот фудбалер.
Дел од медиумите на Балканот потенцираа дека станува збор за расистички навреди. Сепак, ваквите вести беа демантирани од самиот Арнаутовиќ, кој одби секаква поврзаност со политика и расизам.
„Навистина ме погоди тоа што се пишуваше за мене. Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Провокациите со противниците е дел од фудбалската игра. По мечот застанавме еден до друг, разговаравме и ја расчистивме работата“ , рече напаѓачот на Австрија.
Македонија загуби на стартот од Европското првенство, па сега се очекува уште подобра игра на мечевите против Украина и Холандија.
Nach dem dritten Tor gegen Nordmazedonien brach Marko Arnautovic in wilden Torjubel aus. Aus Serbien kommt nun der Vorwurf, dass es sich um rassistische Beleidigungen gehandelt haben solle. Der Torjäger stellt das in Abrede: https://t.co/JY87Lv6alY pic.twitter.com/BGbwwD2REk
— Kleine Zeitung (@kleinezeitung) June 14, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА