Арнаутовиќ: Ова веќе стварно нема никаква врска со фудбалот

Напаѓачот на Австрија, Марко Арнаутовиќ е разочаран по поразот на неговата репрезентација по продолженија од Италија со 2-1 во осминафиналето од Европското првенство. Во 66. минута Арнаутовиќ донесе водство за Австријците, но по консултација со ВАР неговиот гол поради офсајд беше поништен.

„Тешко ми е да ги најдам вистинските зборови. За ВАР приказната разговаравме доволно често. Веќе не можете да бидете среќни поради постигнат гол. Секогаш мора да чекате додека не одлучат луѓето. Дали е офсајд? Дали е фаул? Дали е гол?“, вели Арнаутовиќ.

Италија во четвртфиналето го чека подобриот од вечерашниот меч меѓу Белгија и Португалија кој ќе се игра во Севилја.

Се вчитува...