Ниту низ европските медиуми не остана незабалежана контроверзната прослава на напаѓачот на Австрија, Марко Арнаутовиќ по третиот гол за запечатување на австриската победа против Македонија од 3-1 синоќа на националната арена во Букурешт.
Шпанска Марка пренесува дека Арнаутовиќ контроверзно прославувал со гестикулации кон Езгијан Алиоски, кои
„Австрискиот селектор Франко Фода не сакаше да ја коментира прославата на Арнаутовиќ по мечот, но и без тоа таа прослава предизвика бура посебно меѓу проалбански медиуми од Европа, кои потенцираа дека тоа е израз на Албанофобија, со обвиненија и за расистички навреди“ – пишува Марка.
Според одредени најави, и дисциплинската комисија на УЕФА планира да се позанимава со случајот, па Австријците стравуваат дека Арнаутовиќ би можел да добие суспензија од некој од следните натпревари на првенството.
Во меѓувреме, пак, Арнаутовиќ се извини преку социјалните мрежи, на македонски и на албански јазик…
„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани понесен од емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“ – напиша Арнаутовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА