Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ сака да го напушти Вест хем и да замине во Кина, и се реши на штрајк за да избори раскин на договорот. Тој доби богата финансиска понуда за преселба на Далечниот Исток. Гвангжу Евергранде е подготвен да плати 40 милиони евра за да го ангажира одличниот напаѓач, но раководството на англискиот премиерлигаш не сака да му дозволи да си замине.
Арнаутовиќ се реши за драстични чекори и се надева дека Вест хем сепак ќе попушти, затоа што и клубот богато би заработил од трансферот. Преодниот рок во Кина завршува на 28 февруари, и оттаму и намерата на Австриецот да ја искористи и да потпише договор со Гвангжу Евергранде.
„Чеканите“ во слична ситуација пред неколку години го променија ставот и му дозволија на Дмитри Паје да се пресели во Олимпик Марсеј, но останува да се види дали сега ќе останат доследни или пак повторно ќе го променат мислењето и ќе ја прифатат понудата од Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА