Австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ со својот Интер одигра реми 3-3 на гостувањето кај Бенфика во петтото коло од Лигата на шампионите.
Напаѓачот на тимот од Милано беше стрелец на првиот гол за „нероаѕурите“, кои го одведоа својот тим до крајно реми иако на полувремето имаа три гола негатива. Ова е прв гол за Арнаутовиќ по 4740 дена, што е најголема разлика меѓу два гола во Лигата на шампионите.
Последен пат Марко постигна гол во најелитното фудбалско натпреварување во 2010 година, кога беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите во дресот на Вердер.
Од друга страна, Арнаутовиќ нема играно за ниту една екипа која се натпреварува во ова натпреварување од моментот кога настапуваше за Вердер каде што беше позајмен од Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА