Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е суспендиран на два натпревари во Премиерлигата.
Холанѓанецот претходно во февруари доби црвен картон по натпреварот против Евертон на „Гудисон“ поради недолично однесување кон судијата Мајкл Оливер.
Слот се изјасни за виновен, за што беше казнет со два меча на кои нема да ги води „црвените“, како и парична казна од 70.000 фунти.
Тој ќе ги пропушти следните два натпревари, од кои првиот е вечерва против Њукасл, а вториот ќе биде против Саутемптон на 8 март.
Покрај него, Ливерпул ќе остане и без помошникот Сипке Хулшоф кој исто така е суспендиран на два натпревари, како и парична казна од 7.000 фунти.
Поради инцидентите на споменатиот натпревар, казнети се и клубовите: Ливерпул со 65.000 фунти и Евертон со 50.000 фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

