Арон Гордон доби нов договор во Денвер нагетс

Арон Гордон се согласи на продолжување на соработката со Денвер нагетс. Како што пренесуваат американските медиуми, Гордон доби нов четиригодишен договор вреден 133 милиони долари.

Така, Нагетс долгорочно го „заклучија“ еден од играчите на шампионскиот тим од 2023 година. Договорот вклучува играчка опција за сезоната 2028/2029 година. Гордон минатата сезона имаше просек од 13,9 поени и 6,5 скока со 55,6 проценти шут.

По шест и пол години во Орландо Меџик, каде што ја започна својата НБА кариера, Нагетс го донесоа Гордон во трејд во 2021 година.

Се вчитува...