Арон Рамзи го одигра последниот натпревар за Арсенал

Арон Рамзи предвреме ја завршува кариерата во Арсенал. Поради повреда тој нема да го одигра остатокот од сезоната, а по завршувањето на договорот на 30 јуни се сели во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Рамзи заработи повреда на четвртфиналниот натпревар против Наполи во УЕФА Европа лигата, а клубот денеска соопшти дека ќе му биде потребно време за рехабилитација и оти ќе ги пропушти натпреварите во финишот од сезоната.

Велшанецот во Арсенал дојде во 2008 година и од актуелниот состав е играчот кој е најдолго во клубот. Преговорите за продолжување на договорот ги прекина Арсенал минатиот септември поради како што беше образложено „финансиски и фудбалски причини“.

Сезонава Рамзи постигна шест гола на 40 натпревари, вкупно има 64 гола на 369 средби. Тој ги постигна победничките голови во финалињата на ФА Купот во 2014 и во 2017 година.

 

 

Се вчитува...