Поранешниот фудбалер на Арсенал и долгогидшен капитен на велшката репрезентација, Арон Рамзи, денеска соопшти дека се повлекува од фудбалот, со што е завршена неговата 20-годишна криера.
Тој беше без клуб уште од декември, кога си замина од мексиканскиот клуб Пумас во знак на протест по исчезнувањето на неговото куче, по што Рамзи се спакува, веднаш си замина од Мексико и се врати назад во Велс. Тој во меѓувреме одби неколку понуди, за денеска и дефинитивно да каже збогум.
„Ова не беше лесна одлука, по долго размислување решив да се повлечам од фудбалот. Ми беше чест долги години да ги бранам боите на Велс и да доживеам толку неверојатни моменти. Тоа не би било возможно без огромниот придонес од сите тренери за кои настапував кои ми помогнаа на најразлични начини“, објави Рамзи.
Арон Рамзи кариерата ја почна во Кардиф, по што во 2008 се пресели во Арсенал, клуб во кој мина 11 години и освои три трофеи во ФА Купот. Тој одигра 82 меча за селекцијата на Велс, притоа постигнувајќи 21 погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

