Арон Ремзи го чини Јувентус 18 илјади евра по минута!

Јувентус во изминатите години беше добро познат по успешните трансфери без обесштетување па на таков начин во Торино пристигнаа Андреа Пирло, Пол Погба, Дани Алвес, Сами Кедира, Емре Џан, Карлос Тевез, Адријен Рабио и Арон Ремзи.

Но, со репрезентативецот на Велс, Јуветус не се прослави. Поранешниот фудбалер на Арсенал за две и пол години поминати во „црно-белиот“ дрес одигра само 69 натпревари, а оваа сезона во четири меча забележа скромни 90. минути.

Премалку за фудбалер кој е еден од најплатените во составот со годишна плата од седум милиони годишно или како што пресметуваат италијанските медиуми 18 илјади евра за минута помината на зелениот терен, односно околку 202 илјади евра за еден натпревар во последните две години.

Притоа договорот на Ремзи со Јувентус е со важност до 2023 година, а ова лето агентите на Велшанецот беа „наградени“ со 2.8 милиони евра со тоа што играчот од средниот ред остана во редовите на торинскиот клуб.

Се вчитува...