Арсен Венгер го откри неговиот фаворит за освојување на СП

Поранешниот тренер и сегашен шеф на ФИФА за глобален развој на фудбалот, Арсен Венгер, го претстави своето предвидување за следното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Славниот Французин истакна дека неговата земја е главен фаворит повторно да стане светски шампион.

„Обидувајќи се да бидам што е можно пообјективен, мислам дека Франција е суперфаворит. Само од една причина. Тие имаат повеќе напаѓачи од светска класа од која било друга земја. Таква клупа и таков квалитет ќе направат разлика“, рече Венгер.

Франција се квалификуваше за Светското првенство, кое ќе се игра од 11 јуни следната година, без пораз во квалификациската група Д.

Се вчитува...