Арсен Венгер ќе добие највисоко државничко признание во Либерија

Новиот претседател на Либерија, Џорџ Веа, ќе му врачи највисоко државничко признание на својата земја на поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер. Легендарниот тренер признието ќе го добие на 24 август, националниот празник Ден на знаме,  во знак на благодарност за неговата улога во развојот на фудбалската кариера на претседателот Веа.

Највисоко дравничко признание покрај Венгер на свечената церемонија во Монровија ќе добие уште еден поранешен тренер на Веа, Клод Ле Рој.

Венгер беше тренерот што го донесе Веа од Африка во 1988 година да игра во тимот на Монако што го водеше тогаш Французинот, откако Веа беше „откриен“ од неговиот сонародник, Ле Рој кој прв го виде како игра во Камерун.

После тоа Веа направи голема фудбалска кариера, играше за Милан, ПСЖ и за Челси. Во 1995 година тој беше прогласен за најдобар фудбалер во светот и се уште е единствен фудбалер од Африка што ја освоил „Златната топка“.

Популарноста на Џорџ Веа поради неговата фудбалска кариера, му донесе придонесе тој да победи на претседателските избори во декември минатата година и да стане претседател на Либерија.

Се вчитува...