Клубот од северен Лондон ја започна потрагата по нов голман, односно замена за ветеранот Петр Чех, на кого веќе годините му го одредуваат статусот во клубот.
Чешкиот голман во 2015 година го напушти Челси по 10 години и се пресели на неколку километри од „Стемфорд Бриџ“, поточно во лутиот ривал Арсенал. Од тогаш, Чех забележа 67 настапи за „топчиите“ меѓу стативите.
Како прва опција се споменува Џо Харт, голманот на Сити кој моментално игра за италијански Торино како позајмен играч. Харт со сигурност нема да го облече дресот на „граѓаните“ од следната сезона, откако Гвардиола изјави дека е задоволен од Браво и покрај бројните грешки кои ги има сезонава.
Фрејзер Форстер, Том Хитон и Џек Батланд се исто така на списокот на Венгер, но, засега конкретен потег нема. Како опција се споменуваат и Јан Облак и Џиџи Донарума, но и двајцата голмани преферираат да не ја менуваат средината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА