Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе го пропушти денешниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Одегард нема да е подготвен за дуелот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3-0) во Премиерлигата.
„Габи (Габриел Жезус), Каи (Хаверц), Бен (Вајт) и Мартин (Одегард) се уште отсутни, за жал“, рече Артета.
Одегард го напушти натпреварот во 17. минута откако несмасно падна на десното рамо по дуелот со Морган Гибс-Вајт.
Натпреварот од првото коло од Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Атлетик се игра вечерва од 18.45 часот во Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

