Микел Артета има причина за загриженост по само неколку рунди од новата сезона откако стратегот на Арсенал се соочи со сериозни проблеми со повредени играчи.
Каи Хаверц заработи нова тешка повреда на коленото, додека Букајо Сака поради повреда на мускулот го пропушти големото дерби со Ливерпул. Згора на тоа, Артета сега остана и без еден од главните дефанзивци, откако Вилијам Салиба заработи повреда токму на дербито на „Енфилд“, а деталните прегледи покажаа дека проблемот со мускулот не е нималку наивен.
Првите прогнози велат дека францускиот дефанзивец ќе паузира најмалку еден месец од терените, што би значело дека тој нема да може да настапи на следните седум меча на „топчиите“.
Арсенал во овој период ќе се сретне со Нотингем Форест, Манчестр Сити, Њукасл и со Вест Хем во Премиер-лигата, потоа со Атлетик Билбао и со Олимпијакос во ЛШ, како и со Порт Вејл во рамките од лига-купот на Англија, натпревари што Салиба речиси сигурно ќе ги пропушти.
Се очекува во отсуство на овој фудбалер шанса да добие Хиачипе, дефанзивецот кој пред самиот крај на преодниот рок пристигна на позајмица од Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

