Арсенал без мака до славје во лондонското дерби

Арсенал триумфално ја стартуваше 2019 година откако „топчиите“ попладнево рутински славеа на мечот со градскиот ривал Фулам со резултат 4-1.

Избраниците на Унаи Емери експресно го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од Ливерпул од крајот на 2018 година и овојпат одиграа на високо ниво, заслужено стигнувајќи до трите бода.

Гранит Џака го отвори резултатот во првото полувреме, а останатите погодоци беа постигнати во вториот дел. Лаказет погоди на додавање на Колашинац за водство на Арсенал од 2-0, Камара намали за гостите, за во последните десетина минути меѓу стрелците да се запишат и Рамзи и Обамејанг.

Се вчитува...