Хенрик Мхитарјан нема да патува со Арсенал во Баку за финалето на УЕФА Европа лигата против Челси објави клубот. Ерменцот стравува за својата безбедност и поради тоа Арсенал решил да не го поведе во Азербејџан во битката за трофејот со премиерлигашкиот ривал.
Проблемите на Мхитарјан потекуваат од наруштенте однос меѓу неговата родна земја и Азербејџан. Двете држави немаат диполматски односи и тој практично има проблеми околу обезбедувањето виза. Ерменскиот фудбалер и претходно пропушташе натпревари во европските купови кога требаше да патува во Азербејџан. Во конкретниотв случај, УЕФА интервенираше и тој ќе добиеше дозвола за престој.
„Ги зедовме в предвид сите опции и моравме да донесеме тешка одлука да не патувам со тимот на финалето. Ова е напревар кој се случува многу ретко во животот и многу ми е тешко што ќе го пропуштам“ – вели Мхитарјан.
Арсенал во официјалнот осоопштене вели дека клубот е загрижен за безбедноста на играчот, дека и соопштил на УЕФА за големата загриженост за ситуацијата. Лондонскиот состав објаснува дека во консултација со Мхитарјан и со неговото семејство бил донесена ваквата одлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА