Арсенал ќе биде значително ослабен за утрешното дерби со Ливерпул откако вечерва беше обелоденето дека Месут Озил нема да може да настапи за „топчиите“ на „Енфилд роуд“.
Германскиот плејмејкер се пожали на изнемоштеност на почетокот од оваа седмица, а откако лекарите утврдија дека станува збор за грип тој воопшто не тренираше. Откако Озил ниту денеска не му беше на располагање на Арсен Венгер, вечерва беше донесена одлуката тој воопшто да не патува со екипата за утрешниот дуел во Ливерпул.
Неговото место во средниот ред би требало да му припадне на Арон Рамзи, кој се рехабилитираше од повредата поради која паузираше дваесетина дена од терените. Заедно со Рамзи својот камбек на терените ќе го има и дефанзивецот Лорен Кошиелни, кој исто така е „фит“ по повредата заработена на мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА