Катастрофалната форма во последно време придонесе Арсенал да ја загуби одличната предност во однос на ривалите, а Микел Артета згора на тоа повторно се соочува со повреда на клучен првотимец.
Букајо Сака го постигна водечкиот погодок на синоќешниот дуел со Вулверхемптон, но капитенот на „топчиите“ во второто полувреме се пожали на нова повреда и мораше да биде заменет. Тој веќе паузираше во два навраит сезонава, па јасно е зошто „топчиите“ стравуваат дека проблемот не е наивен и дека „седумката“ на Арсенал повторно ќе мора да пропушти неколку натпревари на својот тим.
Проблемите се уште поголеми ако се знае дека „топчиите“ викендов ги очекува дуел со омразениот градски ривал Тотенхем, на чија клупа ќе дебитира новиот тренер Игор Тудор.
Сака традиционално прикажува добри игри против овој ривал, но минимални се шансите тој да може да настапи викендов,па останува да се види како „топчиите“ ќе се снајдат без негова помош на овој исклучително вжен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

